КОНКУРС ЗА ОТКУП НА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВУВАН

МАКЕДОНСКИ ДРАМСКИ ТЕКСТ

ЗГ „ОД СТАНИЦА ДО ГРАНИЦА“ од Гевгелија за потребите на проектот „Јас = Медиум“ кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Гевгелија, го објавува следниот

КОНКУРС ЗА ОТКУП НА НЕОБЈАВЕН И НЕПОСТАВУВАН

МАКЕДОНСКИ ДРАМСКИ ТЕКСТ

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија како дел од проектните активности за проектот „Јас=Медиум“ има предвидено изработка на драмски текст за театарска претстава со поставување и јавна изведба. Претставата ќе бидат реализирана со ученици – актери од основните училишта и средношколскиот центар од Гевгелија. Претставата ќе биде јавно прикажана во месец февруари 2024 година. Темата на драмскиот текст треба да биде поврзана со медиумската писменост и младите, позитивното и негативното влијание на медиумите врз развојот на младата личност.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

            На Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст (во натамошниот текст: Конкурсот) може да учествуваат автори кои се државјани на Република Северна Македонија.

На Конкурсот се поднесува македонски драмски текст кој не бил објавен, ниту  поставен на сцена претходно.

Секој автор има право да конкурира со најмногу 1 драмски текста.

III. ПРИОРИТЕТИ

     При разгледувањето на поднесените текстови, приоритет ќе имаат текстовите кои:

  1. Се во согласност со темата на проектот „Јас=Медиум“, односно отвораат актуелни општествени прашања од областа на медиумската писменост;
  2. Ја афирмираат современата македонска драма;
  3. Иницираат зголемено учество на јавноста – интерактивност и активна публика.

IV. ОЦЕНА И КРИТЕРИУМИ

Оцената на поднесените текстови ќе се врши од страна на стручна комисија составена од драмски писател, член од ЗГ „СГ“ и претставник од Општина Гевгелија. Оцената ќе биде дадена во согласност со приоритетите и квалитетот на текстот.

Комисијата ќе ги оценува поднесените текстови во согласност со следниве  критериуми:

  • степенот на влијание на текстот врз квалитетот на едукативноста за учениците и родителите;
  • квалитетот и иновативноста на содржината;
  • претходни проекти (текстови, работилници, едукативни обуки и сл.) и работа со млади и ученици.

V. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Документацијата се поднесува на мејл: odstanica@yahoo.com  најдоцна до 30 ноември 2023 година до 15.00 часот.

            Во мејлот освен драмскиот текст, треба да се пратат и податоците за авторот (име, презиме, кратка биографија, телефон и адреса), Насловно писмо во кое ќе бидат наведени и претходно создавани текстови, искуства и работа со млади.   

    Драмските текстови пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

VI.ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ПОДНЕСЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ НА КОНКУРСОТ

Комисијата ќе избере само еден текст.  

Одлуката на комисијата е конечна.

На авторите на откупените македонски драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, ЗГ „Од станица до Граница“ од Гевгелија преку проектот „Јас=Медиум“ ќе им додели авторски надомест во износ од по 25.000 денари со вклучен персонален данок во посочената сума.
Проектот „Јас=Медиум“ е ослободен од ДДВ.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

За резултатите од Конкурсот, подносителите на драмските текстови ќе бидат известени лично по мејл, но и на страницата на здружението: www.odstanica.wordpress.com

VII. СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОТКУП

ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија ќе склучи договор за откуп на избраниот драмски текст со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи на Република Северна Македонија.

VIII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни  информации во врска со Конкурсот, заинтересираните може  да   се  обратат на мејл: odstanica@yahoo.com.

ЗГ „Од станица до граница“

ул. „Загрепска“ бр. 9

1480 Гевгелија

Република Северна Македонија

www.odstanica.wordpress.com