Невообичаено, но одлично смислено и изработено – матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија својот претпоследен ден од школувањето го искористија со изведување на еколошка акција во паркот „Виолета“ во Гевгелија. Со обновување на опремата за седење и играње, бојосување и посадување цвеќе уште од раните утрински часови сите матуранти присуствуваа на својот последен час искажувајќи ја благодарноста и кон Училиштето, но и кон градот за укажаната можност и за убавите денови поминати во гевгелискиот средношколски центар. Како симбол на генерацијата тие посадија маслинка, која како што кажаа, е вековито дрво и сакаат таа да расте и да потсетува на нив и на нивните успеси и подвизи во изминатиот четиригодишен период.
Овој текст и видео ае подготвени со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот и видеото е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.
Сите права задржани. Copyright 2025.