На 12 и 13 мај 2025 г. во ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран се одржа филмска работилница во рамки на проектот „Моја приказна – мој медиум“ што го спроведува ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија со учениците од Медиумскиот клуб „Мандра“ кои работат под менторство на наставничката Марија Ангова Цветковска.

На овие работилници учесниците се запознаа со основните алатки за снимање односно создавање видео (што сè е потребно за продукција на видео, односно за новинарски видео прилог).

Учесниците имаа можност да ги научат начините на создавање и продуцирање видео преку практични вежби, а за задача секој тим има за цел да изработи автентично видео.

На претходно изработени текстови (приказни), работени на претходните работилници со новинарите, учесниците ќе треба да направат план за работа со можни кадри за снимање односно за креирање на видеото.

Учесниците работеа со режисерката Марија Џиџева.

Овoј пост е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПММедиацентар од СараевоАлбанскиот медиумски институтЦрногорскиот медиумски институтСоветот за етика во медиумите на КосовоМакедонскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.